Connect with us

Фудбал

Баерн (М) е една опција

Стандардниот првотимец во дресот на РБ Лајпциг, Тимо Вернер, откри дека интерес за неговите услуги покажал и актуелниот шампион на Германија, тимот на Баерн (М). Веќе подолг период, германските медиуми шпекулираат дека дека 22-годишниот напаѓач е летен приорите на баварскиот гигант.

  • Не треба да се брзам. Можам да мислам на мојата иднина на мир и да одлучам во новата година. Ако играш за Лајпциг и сакаш да останеш во Германија, можеш да преминеш само во еден клуб. Се разбира, останување во Лајпциг исто така е опција, но секако има и други тимови, кои исто така се опции за мене, изјави Вернер.