Фудбал
Баерн Минхен е домаќин на Олимпијакос во првиот натпревар по отказот на Ковач
Баерн Минхен е домаќин на Олимпијакос вечерва во Минхен во првиот натпревар по отказот на тренерот Нико Ковач.
Баерн, предводен од Ханси Флик – кој беше број два на Ковач – сè додека клубот не го именува новиот селектор, има за цел да ја запиши својата четврта победа во исто толку натпревари вечерва од 18:55 часот во групата Б од Лигата на шампионите.
Германскиот гигант е лидер во групата со максимални 9 бода, оставајќи го зад себе Тотенхем со само 4 бода.
Грците од Олимпијакос, пак, сè уште ја бараат својата прва групна победа и имаат само еден бод од три одиграни натпревари.
Официјални формации:
Баерн Минхен:

Олимпијакос:
