Connect with us

Фудбал

Баерн Минхен на шокантен начин освои титула, па веднаш им врачи отказ на Оливер Кан и Хасан Салихамиџиќ

Германските медиуми на чело со „Билд“ пишуваат дека Хасан Салихамиџиќ заедно со Оливер Кан е разрешен од функцијата спортски директор на клубот од Минхен и покрај тоа што освои уште една шампионска титула. Баерн денеска во драматичен финиш на сезоната во Бундеслигата освои уште една титула во Бундеслигата со голот на Мусиала во 89. минута од натпреварот во Келн за конечни 2:1. Со тоа Баварците го искористија големиот кикс на Борусија пред своите навивачи со Мајнц (2:2) и освоија уште една шампионска титула на својата земја.

Сепак, тоа не беше доволно, па УО на Баерн одлучи да ги разреши двете легенди Кан и Салихамиџиќ.  Легендарниот голман на Баварците денеска не беше на трибините бидејќи претходно дозна дека не се смета на него и дека мора да го напушти клубот.