Фудбал
Баерн Минхен најде нова маана на Нагелсман-облеката!
Тренерот на Баерн Минхен, Јулијан Нагелсман оваа сезона е се почесто критикуван поради слабите резултати на најголемиот германски клуб.
Недостигот на победа во четири последователни натпревари во Бундеслигата ја крена на нозе тамошната јавност, но и челниците на Баерн кои главно виновникот го бараат во Јулијан Нагелсман.
Се зборуваше дека не е во најдобри односи со играчите, а сега германските медиуми, односно клупските менаџери го обвинуваат за неговиот стил на облекување? Нагелсман сака помодерни комбинации, а за разлика од многу тренери кои изгледаат класично покрај теренот во џемпер, одело, па дури и во клубски тренер – Нагелсман е нешто поурбан тип на стратег.
Така, внатре се разговараше како треба да изгледа неговата облека кога го води тимот на фудбалски натпревари покрај теренот. Наводно, му било кажано дека „фудбалот не е шоу-бизнис“ и покрај тоа што се држи до правилата и носи облека со клубски бренд.