Connect with us

Фудбал

Баерн Минхен со нов искусен напаѓач, Сандро Вагнер се врати каде што започна

Германскиот репрезентативец потпиша две и пол годишен договор, и ќе може да биде регистриран од први јануари.

Баерн Минхен за неговите услуги платија 13 милиони евра, а засега е веројатно дека Германецот доаѓа во тимот како резервна опција, зад Роберт Левандовски.

Триесетгодишниот Вагнер доаѓа од тимот на Хофенхајм, каде беше најдобар стрелец на тимот во последните година и пол. Во минатата сезона тој во 40 настапи за тимот постигна 15 гола, а оваа сезона има само 4 лигашки гола.

Робусниот напаѓач висок 194 центиметри досега има 7 настапи за сениорската репрезентација на Германија, во кои успеа да постигне 5 гола.