Connect with us

Фудбал

Баерн најде нов тренер, го преземa водството во јануари!

Маурисио Покетино нема да остане долго без ангажман, бидејќи Баерн Минхен размислува да го доведе во Баварија. Германскиот тим го разреши тренерот Нико Ковач, додека тимот му го довери на техничарот Ханси Флик. Сепак, оваа одлука е донесена како привремено решение. Флик на клупата на Баерн ќе остане до крајот на годината, со тоа што Покетино најверојатно ќе се врати во активниот фудбал од јануари.

Поранешниот тренер на Тотенхем беше разрешен, а неговото место го наследи Жозе Мурињо. Тој ќе одмори некое време и се очекува да се врати на клупата во јануари. за Покетино исто така се шпекулира дека може да ги превземе Јунајтед или Реал Мадрид, но Баерн изгледа најзгодната опција со оглед дека Германците немаат тренер.

Покетино нема многу искуство со Баерн, откако беше поразен од Германците во Англија со 2-7. Поразот дополнително ја влоши ситуацијата на Покетино во Англија.