Connect with us

Фудбал

Баерн нема да биде активен во зимскиот преоден рок

Актуелниот германски шампион Баерн Минхен, кој доминира и е неприкосновен во Бундеслигата цела деценија, ќе „спие“ во јануари и нема да биде активен на трансфер пазарот, најави клупскиот шеф Херберт Хајнер. Баварците ќе останат пасивни и нема да привлекуваат нови засилувања.

Баварците се полни на сите позиции и не им требаат дополнителни имиња откако летово вложија многу во голем број играчи, па Хајнер сега порача дека само тренерот Јулен Нагелсман треба да им дава минутажа на сите.

„Не ни требаат зимски трансфери. Претпочитам да се осигурам дека сите добри играчи ќе имаат доволно простор за игра и во моментов тренерот работи многу добро со се“, вели Хајнер.

Баерн и оваа сезона е апсолутен фаворит за титулата во Германија и прашање е дали по шест победи во шест натпревари во групната фаза од Лигата на шампионите има доволно зрелост за уште една европска круна. Во понеделник Баварците ќе го дознаат противникот за осминафиналето.