Фудбал
Баерн нуди 80 милиони евра за Сане
Баварскиот гигант нема намера да даде повеќе пари на играчот на Манчестер Сити
Баерн Минхен се уште е заинтересиран за трансферот на Лерој Сане од Манчестер Сити.
Баварскиот гигант одвои скоро 80 милиони евра за офанзивниот играч.
И, според германските медиуми, германскиот шампион нема намера да даде повеќе пари за левиот играч.
Баерн беше близу до трансферот на Сане минатото лето, но на крајот не успеа да најде заедничка основа со Сити.
Тогаш играчот претрпе тешка повреда и сè прпадна.
23-годишниот фудбалер се очекува да се врати на терените во февруари, а Баерн сакаат да го пренесат следното лето.