SPORTM.mk
Баерн објави список на играчи кои патуваат во Париз, навивачите благо речено во очај
Реваншот од четвртфиналето во Лигата на шампионите Баерн го игра утре во Париз.
Германскиот и актуелниот европски првак беше поразен на својот стадион со 3:2, но сепак во Баерн се надеваат дека ќе победат во Париз и ќе се пласираат во полуфиналето. Она што загрижува е фактот дека тимот на Ханси Флик е прилично „осакатен“.
Навивачите се во очај бидејќи на списокот на патници за Париз го нема најдобриот стрелец Роберт Левандовски, кој ги пропушти изминатите неколку натпревари поради повреда здобиена на дуелот меѓу Полска и Андора.
Исто така, Серж Гнабри, кој има коронавирус, го нема на списокот, додека Леон Горецка е сè уште таму, иако не настапи на првиот натпревар.
Unser Kader für Paris! ? #packmas #PSGFCB #SuitedByBOSS #UCL #Werbung pic.twitter.com/E0QzfEApZ4
— ??? FC Bayern ??? (@FCBayern) April 12, 2021