Фудбал
Баерн призна, ѕвездата од идното лето во друг клуб, дали е тоа европскиот првак?!
Како што е најавено, сега е потврдено од страна на првиот човек на Баерн Минхен, Карл Хајнс Румениге. Тијаго Алкантара ова лето го напушта Минхен.
Шпанецот ја одбил понудата да го продолжи договорот, а образложението е дека сака нови предизвици.
-Тијаго е одличен тип, како на теренот, така надвор од него. Преговаравме, ги исполнивме неговите услови, но делува дека сака нов предизвик во кариерата. Ние не сакаме да го загубиме играчот наредната сезона без обештетување, тоа е сосема јасно, вели Румениге.
Пред неколку дена се појави информација дека новиот клуб на Тијаго ќе биде Ливерпул.