Фудбал
Баерн продолжува со тренинзи на посебен план?
Поради пандемијата на коронавирус, Бундеслигата се уште е прекината.
Сè е стопирано, а некои клубови сакаат да започнат со тренинзи.
„Кикер“ известува дека Баерн Минхен чека дозвола од баварските власти да ги собере играчите следната недела.
Планот е фудбалерите да работат во групи од четири играчи, а сите ќе работат во различни термини.
Со тоа би се намалила можноста од инфекција, но големото прашање е кој ќе биде одговорот на надлежните.
Баерн е лидер во Бундеслигата со 55 бода, четири повеќе од Борусија Дортмунд и пет во Лајпциг.
„Баварците“ веруваат дека првенството за оваа сезона ќе продолжи и на крајот тие ќе слават нова титула.