Фудбал
Баерн се ослободи од проблемот – Замина во Серија А!
Францускиот фудбалер Мајкл Куисанс (22) го напушти Баерн и кариерата ја продолжува во Серија А.
Баварскиот гигант ја прифати понудата на венецијанскиот тим од 10 милиони евра и во наредните часови и официјално ќе потпише договор со овој италијански тим.
Куисанс од Баерн заминува по нешто повеќе од три години во клубот каде што одигра само 13 натпревари со два постигнати гола.
Немаше многу простор да се докажува покрај многу ѕвезди, а во баварскиот клуб го нарекоа лошо момче.
Куисанс дефинитивно ќе биде еден од главните играчи на Венеција, која ќе се бори да остане во Серија А до крајот на сезоната.
Треба да се напомене дека францускиот фудбалер ја одби понудата на ЦСКА од Москва, која исто така сакаше да го доведе во своите редови и на крајот ја избра Италија.
Моментално оваа екипа се наоѓа на 16. место на табелата со 17 освоени бодови.