Connect with us

Фудбал

Баерн во Фирмино гледа замена за Левандовски

Германскиот шампион Баерн е подготвен да го замени Роберт Левандовски со бразилскиот напаѓач од Ливерпул Роберто Фирмино, доколку полскиот напаѓач го напушти баварскиот клуб.

За трансферот на Бразилецот Баерн е подготвен да плати околу 100 милиони фунти.

Претходно, шпанските медиуми објавија дека 29-годишниот Левандовски паднал во сферата на интерес на Реал Мадрид.

Роберт Левандовски се пресели во Баерн Минхен од Борусија Дортмунд во 2014 година и оттогаш на 121 натпревар и постигна 100 гола.