Поврзи се со нас

Фудбал

Бакајоко сезоната 2020/21 ќе ја помине во Наполи

Лондон, 4 октомври 2020 (МИА) – Фудбалерот за врска на Челзи, Темуе Бакајоко, сезоната 2020/21 ќе ја помине на позајмица во Наполи, објави новинарот на „Goal“, Низар Кинсела.

Според изворот, договорот не предвидува право на откуп. Се известува дека италијанскиот клуб ќе плати 4,5 милиони фунти за позајмицата на 26-годишниот Французин.

Минатата сезона Бакајоко ја помина во Монако на позајмица, постигнувајќи гол и две асистенции на 20 натпревари во Лига 1. зс/

Advertisement