Connect with us

Кошарка

Бакс е најдобриот тим на истокот, првпат по скоро четири децении!

Милвоки Бакс ќе игра во големото финале во НБА лигата откако во финалето на Источната конференција ја совлада Атланта хоукс со 4-2.

На шестиот натпревар Бакс победи како гостин со 107:118, без нивниот најдобар играч Антетокумп, кој има одредени проблеми со истегнување на глуждот.

Гостите одлично влегоа во натпреварот, предноста ја стекнаа веќе на стартот. Јастребите се вратија на стартот на третиот период (45:47), но Бакс тогаш одиграа уште подобро, и во еден момент беа на +22 (72:94).

Крис Мидлтон со 32 поени повторно беше на ниво, додека го следеше одличниот rру Холидеј со 27 поени. Кај јастребите се истакнаа Кам Редиш (21) и Богдан Богдановиќ (20).

За Бакс, кои освоија една титула во НБА во својата историја, ова е прво финале од 1974 година. За титулата евентуален победник, тој ќе се бори против Феникс Санс.