Connect with us

Фудбал

Балотели конечно доби понуда, но од третолигаш

Марио Балотели е во немилост на Бреша. Откако се скара со првиот човек на тимот, ниту тренира со екипата, ниту му е дозволен пристап во тренинг центарот. Неговиот менаџер Мино Рајола се обидува да му најде нов клуб, но поради неговиот темперамент, тоа оди тешко.

Сепак, како што пишуваат италијанските медиуми, „Супер Марио“ добил понуда, но од третолигаш. Комо, кој се натпреварува во Серие Ц и кој е во сопственост на милионерот Роберт Буди, сака да го доведе во своите редови бидејќи има амбиции да се пласира во Серие Б. Дали Балотели ќе ја прифати понудата или ќе се одлучи да замине во МЛС или Кина, останува да се види.