Connect with us

Фудбал

Балотели од следната сезона во Галатасарај?

Италијанскиот напаѓач Марио Балотели пристигна во Бреша пред почетокот на сезоната како слободен агент.

Балотели беше без клуб откако му истече договорот со Олимпик Марсеј, а потоа реши да се врати во Италија и да потпише за Бреша. Сепак, дури и во овој клуб Супер Марио не можеше да помине без скандал, поради што е речиси сигурно дека тој повторно ќе бара нов клуб во текот на летото.

„Gazzetta dello Sport“ денес објави дека Балотели веројатно ќе ја напушти Бреша, наведувајќи ја Турција како нова дестинација. Голем интерес за овој 29-годишен напаѓач покажа Галатасарај.

Балотели има договор уште две години со Бреша, која е подготвен да го ослободи за околу десет милиони евра. Галатасарај веќе е во контакт со Мино Рајол кој изјави дека „Супер Марио“ нема ништо против да замине во Турција.

Тој досега има одиграно 19 натпревари во Серија А во дресот на Бреша и има постигнато пет гола.