Connect with us

Други спортови

Бараат одбојкарка да биде исфрлена од репрезентацијата на Босна: Се фотографирала со три прста и носела капа со четнички обележја (ФОТО)

Ивана Радовиќ (22) репрезентативка во одбојка на БиХ подигна три прста, стави капа со четнички обележја, а фотографијата ја објави на својот Инстаграм профил. Поради ова сега и се заканува исфрлање од репрезентацијата на Босна и Херцеговина. Нејзиниот потег го осудија локалните медиуми, тврдејќи дека на тој начин „направила скандалозен потег“.

Одбојкарката на клубот Гацко и репрезентативка на БиХ на социјалните мрежи под фотографијата напиша:  Потомок на војводата Момчило Ѓујиќ.

Секако, поради сето она што се случуваше во 90-тите години во војната и големиот број на злосторства направени од српските паравоени формации или четници, оваа фотографија предизвика големи реакции во БиХ.

Извор Мондо.рс