Connect with us

Други спортови

„Бараме казна за Ѓоковиќ бидејќи повторно го провоцира Косово“, Српскиот тенисер во центарот на вниманието

Новак Ѓоковиќ повторно е во центарот на вниманието на сите светски медиуми. По победата во првото коло на Ролан Гарос против Александар Ковачевиќ, најдобриот српски спортист напиша порака пред камерите на жителите на Косово, а набрзо таа стана главна тема на турнирот и во светот на тенисот. Откако Новак објасни зошто го направи тоа, пристигнаа нападите од Приштина, а потоа и соопштението на Тенискиот сојуз Косово.

Оваа институција тврди дека поради однесувањето на најдобриот тенисер во историјата ќе бара казна – од самиот Грен слем турнир во Париз, но и од АТП. Како што пренесува „Газетаблик“, ТСК смета дека за вакви пораки нема место на тенискиот терен, а инцидентите и провокациите на Ѓоковиќ се повторуваат без никаква казна!

„ Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ продолжува со своето националистичко и шовинистичко однесување преку провокации против државата Косово. По мечот на Ролан Гарос против Александар Ковачевиќ на камерата каде што беа снимени пораките на победникот на мечот. Ѓоковиќ напиша „Косово е срцето на Србија „Стоп за насилството“. Не се преземаат казнени мерки против ваквото однесување кое многу често се повторува и тоа не може да се оправда. Тенискиот сојуз на Косово силно ќе ги брани вредностите и достоинството на земјата и нејзиниот народ, но истовремено и во одбрана на вредностите кои тенисот како спорт воопшто ги пренесува, а тоа се единство меѓу луѓето, надеж, радост и страст за инклузивност. Тениската асоцијација ќе побара  Ѓоковиќ да биде казнет од Меѓународната тениска федерација АТП и Ролан Гарос како организатор на турнирот“, се вели во соопштението.

Сепак, се чини дека Ѓоковиќ ќе избегне казна бидејќи организаторите на Ролан Гарос разговараа за Ројтерс и рекоа дека не постои правило кое им кажува на играчите што можат или не можат да кажат.