Фудбал
Барди: Благодарам Македонијо! Треба добро да размисли за следниот собир
Едни Барди ја водеше вечерва македонската фудбалска репрезентација, но за жал не беа искористени малкуте шанси кои ги имавме за да сладиме победа над Бугарија.
По натпреварот Барди за медиумите го искоментира натпреварот, велејќи дека треба добро да се размисли за следниот, а истовремено ѝ се заблагодари на публиката.
„Со еден играч помалку бевме цел натпревар. Имавме и шанси за израмнување преку Алиоски и Дориев, но не ги искористивме. Од сите овие работи кои ни се случија, секој од нас, почнувајќи од мене, треба добро да размисли за следниот собир, да бидеме посериозни и повеќе одговорни во некои ситуации. Овој натпревар го чекавме со голема желба, но фудбалот е таков. Од почетокот имавме играч помалку. Сакам да се заблагодарам до навивачите за поддршката, ова многу ни значи. Тие не бодреа 90 минути и веруваа во нас. Сакам да кажам дека мора да бидеме трпеливи и да размислуваме да одиме напред, за да имаме повеќе успеси“, изјави Енис Барди.