Фудбал
Барди избра меѓу Меси и Роналдо, откри и кој е негов најтежок противник во Шпанија
Македонскот интернационалец Енис Барди во интервју за унгарските медиуми открива кој е негов најтежок противник во Шпанија.
„Овие три години поминаа брзо, како неодамна да бев дел од Ујпешт. Така се чувствувам. Научив фудбалски работи кои не мислев дека некогаш ќе има можност да го направам тоа. Стандардот тука е поголем, се работи за Примера. Тешките противници и фокусот кој се бара на секој меч значително ми помогнаа да напредувам. Кога би бирал најтешки противници, секако дека ќе ги издвојам Атлетико Мадрид, Барселона и Реал Мадрид. Не ми беше тешко што сум сам, бидејќи живеам сам уште од 16 години. Но, тешко ми беше што не можев да излезам надвор и да се напијам кафе. Се чувствував како во затвор. Тренирав речиси секој ден, тоа ми носеше убаво чувство. Сакам да бида максимално подготвен кога ќе се вратат натпреварите“.