Connect with us

Фудбал

Барди најдобро оценет македонски фудбалер за 2020

Eнис Барди според „Софтаскор“ е најдобро оценет македонски фудбалер за 2020 година.

Барди доби оценка од 6.92 со што е најдобро оценет наш фудбалер според статистичките параметри на една од најпознатите страници за фудбалска аналитика и статистика.

Зад себе Барди има солидна година, беше еден од клучните играчи на Леванте, а сите знаеме колкав е неговиот придонес во репрезентацијата на Македонија која на лето ќе игра на Европското првенство.