Connect with us

Фудбал

Барди заминува од Леванте, но останува во Шпанија, добил интересна понуда?!

Леванте следната сезона ќе игра во втората шпанска лига, а има и финансиски проблеми. Шпанските медиуми тврдат дека ќе мора да ги продава најдобрите за да ја пополни финансиската дупка. Еден од нив е и нашиот Енис Барди кој речиси сигурно заминува.

Наводно стигнала и првата понуда. Според шпанските медиуми станува збор за градскиот ривал на Леванте, тимот на Валенсија. Валенсија сака да го искористи лошиот финансиски момент во кој се наоѓа Леванте и за малку пари да добие тројца одлични фудбалери, Барди, Хозе Кампања и Гонзало Мелеро.