Барса го испрати Кутињо во Баерн

Каталонскиот фудбалски гигант се договори со германскиот шампион минхенски Баерн за едногодишна позајмица на бразилскиот репрезентавец Филипе Кутињо, објави Барселона во петокот.

Кутињо дојде во Барселона од Ливерул во јануари 2018 година за неверојатни 120 милиони евра, со што 27-годишниот Бразилец стана најскапиот играч во историјата на каталонскиот клуб. Но Кутињо не успеа да се вклопи во нападот на тимот кој го предводат Лионел Меси и Луис Суарез и покрај 21 постигнаг погодок и освојувањето две титули шампион на Шпанија.

Кутињо беше споменуван и како еден од играчите кои Барселона со дополнителна сума била наводно подготвена да го понуди на Пари Сен Жермен за враќање на Нејмар на „Камп Ноу“.

Извор: Нетпрес