Фудбал
Барса го купи и Френки де Јонг
Ако им се верува на шпанските медиуми тогаш прашање е само на време кога големиот талент од редовите на холандскиот прволигаш Ајакс, Френки де Јонг и официјално ќе биде претставен како нов фудбалер на каталонскиот гигант Барселона.

Актуелниот шампион на Шпанија со месеци важи за прв фаворит кога е во прашање потписот на одличниот играч за врска кој доби официјална понуда и од Реал (М), Баерн (М), ПСЖ, Манчестер Јунајтед и Јувентус. За да ги осигураат услугите на Де Јонг, Барса ќе мора да одвои 75 мил. евра, а играчот до крајот на сезоната ќе настапува како позајмен играч во дресот на Ајакс.