Фудбал
Барса го продаде Јери Мина во Премиер лигата!
Каталонски „Спорт“, весник близок до Барселона потврди дека трансферот на Јери Мина во Евертон е договорен за сума од 32 милиони евра.
Изминатиов период имаше многу шпекулации за иднината на Јери Мина, а покрај Евертон силен интерес за Колумбиецот покажуваше и Манчестер Јунајтед.
„Црвените ѓаволи“ наводно се откажале од преговорите бидејќи неговиот менаџер барал висока плата, но и поради фактот што се блиску до комплетирање на трансферот на Алдервајлед за 60 милиони фунти.
Според каталонски „Спорт“, Каталонците и „карамелите“ си подале рака и трансферот ќе изнесува 32 милиони евра.
sportski.mk