Connect with us

Фудбал

Барса и Реал, во трката за Ван де Бик

Двајца шпански гиганти се обидуваат да пренесат еден од најталентираните играчи од средниот ред во Европа.

Барселона и Реал Мадрид се натпреваруваа за трансферот на играчот од средниот ред на Ајакс, Дони ван де Бик.

Веста ја објави медиумот „Диарио Спорт“.

„Лос Бланкос“ веќе ги започна разговорите со холандскиот клуб за играчот, за кого Ајакс бара 60 милиони евра.

Во меѓувреме и Барса го сака играчот кој блескаше во последните две сезони со холандскиот гигант.

Ван де Бик, од своја страна, би сакал да се пресели во Шпанија, иако наводно тој покажал интерес и за големите англиски клубови.