Connect with us

Фудбал

Барса испрати втора понуда до Сити за Ерик Гарсија

Барселона, 15 септември 2020 (МИА) – Барселона планира да испрати втора понуда до Манчестер Сити оваа недела за централниот дефанзивец Ерик Гарсија.

Според „Мундо Депортиво“, првичниот предлог изнесувал 10 милиони евра, но бил одбиен. Каталонците имаат намера да ги зголемат влоговите, но сумата нема да надмине 15 милиони. Минимумот што Манчестер Сити го посакува за 19-годишникот е 18 милиони.

„Мундо Депортиво“ тврди дека доколку Сити не се согласи да ги намали своите барања, тогаш Барса ќе почека една година и ќе го земе Гарсија без пари кога ќе му истече договорот.

Уште на почетокот на август, менаџерот на „граѓаните“ Пеп Гвардиола откри дека Гарсија одби да потпише нов договор со клубот затоа што сакаше да игра на друго место.

Централниот дефанзивец беше привлечен од школата на Барселона во 2017 година. На 18 декември 2018 година тој дебитираше за првиот тим на „граѓаните“, а минатата сезона забележа 19 натпревари за селекцијата на Гвардиола.

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com