Барса купува „ефтин“ напаѓач, за да штеди за летниот преоден рок, ова се кандидатите

  1. Барселона е во потрага по напаѓач бидејќи се повреди Луис Суарез, па мора да најдат решение. Сите досегашни нивни желби во моментов се недостапни и скапи. Но, Каталонците имаат друга идеја. Да најдат сега ефтино и брзо решение, за да заштедат за летниот преоден рок.

Според каталонсктие медиуми опциите се Оливие Жиру, Фернандо Љоренте, но и Родриго од Валенсија кој би можел да пристигне на позајмица.

-текстот продолжува по рекламата-

Нивната желба во нападот е младиот Лутаро Мартинез, но тој има клаузула во договорот со Интер до 111 милиони евра, која важи за клубовите надвор од Италија и која може да биде активирана само во јули месец, претходно не.

 

Совет за етика во медиумите
Loading...