Поврзи се со нас

Фудбал

Барса повторно го сака Гарсија

Барселона уште еднаш „фрли око“ на младиот дефанзивец на Манчестер Сити, Ерик Гарсија.

Сити го донесе во 2017 година и оттогаш тој настапи на 27 натпревари за првиот тим, но не стекна целосна самодоверба.

Барса сега е подготвена да понуди осум милиони евра и да ја реши зделката во јануари 2021 година.

Неговиот договор истекува на лето, па Сити мора да понуди нов договор или да се согласи со понудата на Каталонците.

Младиот дефанзивец не покажа желба да остане во Англија, а Барса го сакаше за летото. Таа тогаш понуди повеќе од осум милиони евра, но англискиот тим не се согласи.

Неговата сегашна вредност е 20 милиони евра.

loading...

Facebook