Фудбал
Барса се распрашува за Бентакур
Актуелниот шампион на Шпанија, тимот на Барселона, ќе се обиде за време на летниот преоден рок да ги осигура услугите на уругвајскиот интернационалец од редовите на калчо гигантот Јувентус, Родриго Бентакур.

Одличниот играч за врска е во сопственост на “старата дама” и на аргентинскиот гигант Бока Јуниор. Двата клуба имаат сопственост на 50%, а шпанските медиуми открија дека челниците на каталонскиот гигант се подготвени да одвојат околу 60 мил. евра за 50% кои се во сопственост на актуелниот шампион на Италија.