Фудбал
Барса се согласи, Џери Мина се сели на островот?
Стоперот на Барселона би можел да заврши во англиската Премиер лига, но сепак се уште не се сигурно каква намера има Барселона.
Мина ги воодушеви Колумбијците со својата игра на Светското првенство, но неговата иднина во Барселона се уште не е сигурна и би можело да се случи наскоро да го напушти „Ноу Камп“.
Барса го купи во зимскиот преоден рок за 11,6 милиони евра, но тој до крајот на сезоната одигра само пет натпревари и сега Шпанците имаат неколку понуди на масата.
Наводно Мина ги договорил условите со Евертон, кој издвои 17 милиони евра за одличниот стопер, а сега само се чека Барселона да даде согласност за овој трансфер.
Откако Клемен Ленге дојде од Севиља, а веќе ги имаат Умтити, Пике и Вермален, очигледно е дека Барса ќе го пушти Мина кариерата да ја продолжи во Премиер лигата.