Фудбал
Барса со шест играчи сака да го „смекне“ Интер само за да го донесе Лаутаро
Барселона не се откажува од Лаутаро Мартинез и е подготвена да направи се за да го донесе Аргентинецот.
Каталонскиот весник Спорт смета дека Барселона е подготвена да испрати дури шест играчи во Интер за да го договори пристигнувањето на Мартинез, кој би ја донел потребната свежина на позицијата централен напаѓач.
Патем, клаузулата за обештетување за Лаутаро е 111 милиони евра, но Каталонците сакаат да добијат потпис на друг начин, со оглед дека сега не е идеално време за нив да потрошат поголема сума пари.
Артуро Видал, Семедо, Рафиња, Умтити, Тодибо и Јуниор Фирпо се играчи кои Барса планира да ги користи во трансферите и со помош на кои би го убедиле Интер да го продаде Лаутар.
Лаутар се гледа на Ноу Камп како идеална замена за уругвајската sвезда Луис Суарез, чие заминување од клубот е најавено веќе некое време.
Сега е на Интер да се обиде да избере меѓу понудените играчи и да најде договор со Барселона, но Нероазурите, колку што е можно, ќе се обидат да ги задржат најважните играчи, а Лаутаро е сигурно еден од нив.