Кошарка
Барса во финишот се врати на победничките патеки
Милано немаше што да бара во „Блауграна“. Барселона во финишот успеа да се извлече и да стигне до победа над Милано од 86-71. во натпревар од 13. коло во кошаркарската Евролига.
Гостите од Италија му „покажаа заби“ на фаворитот и во еден дел од мечот изгледаше дека го пронајдоа решението за избраниците на Шарунас Јасикевичиус. Меѓутоа советите на литванскиот стручњак променија многу работи во второто полувреме, кога Каталонците го искористија за да направат пресврт.
Каталонците подобро го отворија мечот и по првите десет минути имаа предност од 23-15. Сепак, во продолжение италијанскиот тим заигра далеку подобро и успеа да стигне до целосен пресврт и во последните десет минути да влезе со предност од еден поен.
До три минути до крајот на мечот натпреварот беше во егал, но Каталонците одиграа најдобро кога беше најпотребно и стигнаа до конечен триумф од 86-71. Најдобар поединец во победничкиот табор беше Никола Миротиќ со 19 поени, надополнети со 10 скока, додека кај поразените се истакна Малколм Дилејни со 23 поени.
Претходно денес ЦСКА Москва го доби руското дерби против Химки со 96:87, Жалгирис убедливо славеше на гости кај ПАО при резултат од 81:69, додека Баерн го одбрани домашниот терен против Асвел со 76:62.