Connect with us

Фудбал

Барселона 5 пати ја тресеше мрежата на Ференцварош – Пике доби црвен картон

Пет гола на Барселона вечерва на натпрварот против Ференцварош кои пак успеаа да постигнат еден гол од пенал во 70. минута од натпреварот.

Интересен натпревар вечерва, кој уште во првото полувреме понуди интересни моменти. Во 6 минута Меси имаше шанса за погодок од слободен удар. Топката ја упати кон левата страна на голот, но Денес Дибусз бранеше. Прва радост за Ференцварош имаше во 11 минута, кога постигнаа гол, но истиот беше поништен поради офсајд. По пет минути од првиот, Меси имаше втор обид за гол, стрелаше кон голот, но повторно блокираше Денес Дибсуз. Де Силва Исаел имаше одлична шанса за водство во 20.минута, но топката заврши во пречката. Меси во 27. минута од пенал ја донесе првата радост за Барселона, а три минути до крајот на првиот дел, Фати преку совршен центар шут далбоко во шеснаесетикот упатен кон де Јонг и преку претцизен погодок на одмор Барселона отиде со водство од 2:0.

Во вториот дел, 7 минути по стартот Коутињо биеше за 3:0, а следуваа и серија на промени во Барселона. Пике во 68. минута доби црвен картон поради влечење за дрес на играч, но сепак тоа не го промени текот на натпреварот. Гостите во 71. минута успеваат да слават на 3:1. Во 82 минута, Дембеле ја испрати допката во шеснаесетикот, а таму ја пречека Педри и биеше во долниот лев кош за 4:1. 7 минути подоцна, Меси носи нова радост за 5:1, до крајот имаше уште една одлична шанса но не ја реализираше.