Connect with us

Фудбал

Барселона ангажираше тинејџер, откупната клаузула неверојатни 300 милиони евра

Густаво Маија, 19 годишен фудбалски талент од денеска е нов член на Барселона. Доаѓа од Сао Пауло, а каталонскиот тим за неговите услуги платил 4,5 милиони евра. Инаку, тој ќе биде дел од Барселона Б тимот, игра на позицијата крилен играч, а она што е интересно е тоа што Каталонците ставиле клаузула во неговиот договор која изнесува неверојатни 300 милиони евра. Неговиот договор ќе биде до јуни 2025-та година.