Фудбал
Барселона бара од Дембеле да почитува барем уште една работа пред да замине
Францускиот репрезентативец Усман Дембеле на лето најверојатно ќе ја напушти Барселона.
Барселона се обиде да се договори со Дембеле за продолжување на договорот кој истекува на крајот на оваа сезона, но не успеа.
Дембеле ги изненади челниците на каталонскиот клуб бидејќи побарал годишна плата од 40 милиони евра која Барселона ни оддалеку не може да ја исполни со оглед на финансиската криза во која се наоѓа овој клуб.
Французинот наводно сакал да остане во Барса и да се согласи на намалување на платата, но се налутил кога дознал дека клубот се обидува да собере пари за да го доведе Ерлинг Халанд на лето.
Барселона сега е свесна дека Дембеле речиси сигурно ќе си замине од тимот на крајот на сезоната, без обештетување, а се шпекулира дека ПСЖ е подготвен да му ја понуди платата што ја сака.
Сепак, од каталонскиот клуб повторно стапија во контакт со неговиот агент и порачаа дека се надеваат дека Дембеле барем во едно ќе го почитува клубот.
Наводно, Барса се надева дека Дембеле би можел да се согласи да го продаде во јануари за да може да заработи барем малку пари, што би им олеснило да регистрираат нови играчи.
Исто така, „RAC1“ објави дека и во Барселона размислуваат за еднострано раскинување на соработката во јануари, бидејќи на тој начин клубот значително би го ослободил буџетот за плати. Но, сите се надеваат дека оваа приказна убаво ќе заврши и дека Дембеле ќе се согласи на продажба во зимскиот преоден рок.