Connect with us

Фудбал

Барселона бара соодветни купувачи за Ракитиќ

Каталонскиот гигант сака да го продаде хрватскиот играч од средниот ред до последниот ден од јануари трансфер прозорецот

Барселона се надева дека ќе најде купувачи за Иван Ракитиќ пред истекот на јануарскиот рок.

Веста ја објавија шпанските медиуми, „Спорт“, пренесува „Газета експрес“.

Хрватскиот репрезентативец не наоѓа простор во каталонскиот тим, па Барса сакаат да го продадат оваа недела.

Манчестер Јунајтед и Интер покажаа интерес за поранешниот играч на Севиља.

Дури и самиот Хрват би бил заинтересиран да се пресели во клуб каде ќе има повеќе минути за игра.

Иднината на играч од средниот ред конечно ќе биде одредена во петок.