Фудбал
Барселона без муниција во предградието на Мадрид, атракција момчињата качени на дрво (ВИДЕО)
Фудбалерите на Хетафе и Барселона одиграа нерешено 0:0 во натпреварот од 29. коло на шпанската Ла Лига.
На оваа средба беа видени грст шанси, а најдоброто всушност дојде во самиот финиш на дуелот.
Барселона очекувано го диктираше темпото на игра со неколку солидни напади и обиди, од кои се издвојуваат шансите на Рафиња. Ниту Гетафе не беше безопасен, но сето тоа не беше доволно за публиката во предградието на Мадрид да ужива во фудбалското шоу.
Публиката која ја сочинуваа момци кои се качија на дрво покрај стадионот „Колисеум Алфонсо Перез“ за да го следат натпреварот и успеаја во тоа. Но, дали вредеше? Поради вниманието што го добија, веројатно да.
These fans climbed a tree to watch Getafe vs. Barcelona. pic.twitter.com/uLCSq1oOOy
— ESPN FC (@ESPNFC) April 16, 2023