Connect with us

Фудбал

Барселона до полноќ може да го „лови“ Лаутаро, а потоа се прашува Интер

Лаутаро Мартинез во договорот со Интер има клаузула која вели дека доколку некој тим плати 111 милиони евра, може да замине од Милано. Сепак, рокот на оваа клаузула истекува вечерва на полноќ, а тоа значи дека Интер веќе нема да мора да ги прифати понудите за овој играч и може да ја диктира цената како што сака.

Италијанските и шпанските медиуми во изминатите месеци пишуваа дека Барселона е сериозна во намерата да го донесе Аргентинецот и да направи тандем со Меси, но сепак се чини дека поради коронавирусот нема доволно пари, па се обидува со разни понуди за размена на играчи да го убеди Интер да го пушти својот играч.

Веројатно оваа вест за истекот на клаузулата ќе ги израдува навивачите на Интер, бидејќи шансите да замине Лаутаро се намалуваат, а тој сезонава стана нивен миленик. На 37 мечеви постигна 17 голови и додаде пет асистенции во сите конкуренции.