Connect with us

Фудбал

Барселона доби сериозна конкуренција во трката за фудбалерот на Јувентус

Челзи направи понуда за играчот од средниот ред на Јувентус, Миралем Пјаниќ.

Се чини дека тој ќе ги напушти „бјанконерите“, бидејќи сака да игра во Барселона.

Сепак, преговорите помеѓу Јуве и Каталонците се во застој и сега неговата иднина е нејасна. Пјаниќ има предлог и од Пари Сен Жермен.

Италијанскиот шампион е заинтересиран за играчот од средниот ред на Челзи, Жоржињо и се подготвени за размена.

Оваа сезона Пјаниќ има забележано 33 натпревари на сите натпреварувања, постигнувајќи 3 гола и 2 асистенции.