Connect with us

Фудбал

Барселона е под истрага, бара лига во која ќе игра следната сезона

Барселона е под истрага на УЕФА по откривањето на скандалот во кој поранешното раководство уплатило повеќе од еден милион евра на сметката на компанијата на поранешниот потпретседател на судиската комисија, Хозе Марија Енрикез Негреира. Случајот на Негреира може да има огромни последици за каталонскиот клуб – се соочува со исфрлање од сите натпреварувања на УЕФА доколку биде прогласен за виновен.

Како што јави шпанската телевизија ТВ3, а пренесе „Марка“, управата на Барселона веќе почнала да бара алтернативни натпреварувања доколку УЕФА ја исфрли од своите натпреварувања. Најверојатните решенија засега се дека Барселона ќе игра пријателски натпревари и на тој начин ќе заработи доволно за финансиски да опстане. Друга опција е клубот да се приклучи на некоја од азиските лиги. Може да се случи и Барселона да игра во некоја од европските лиги, но оваа можност допрва треба дополнително да се истражи. Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта неодамна се сретна со Александер Чеферин, претседателот на УЕФА, и наводно му ги објаснил деталите за случајот со надеж дека УЕФА нема строго да го казни клубот.