Поврзи се со нас

Фудбал

Барселона е подготвена да се раздели со Дембеле за 45 милиони

Барселона, 14 октомври 2020 (МИА) – Барселона се согласи да ја намали бараната сума за напаѓачот Усман Дембеле, објави „Скај Спорт“.

Според изворот, каталонскиот клуб е подготвен да го ослободи 23-годишниот Французин за 45 милиони фунти.

Претходно беше објавено дека Браселона сака да го продаде напаѓачот поради фактот што пропаднаа преговорите за продолжување на договорот со играчот.

Во 2017 година, Барса и плати на Борусија Дортмунд 105 милиони евра за трансфер во Дембеле. Од тогаш, фудбалерот одигра 75 натпревари за Каталонците, на кои постигна 19 гола и даде 16 асистенции. зс/

Advertisement