Connect with us

Фудбал

Барселона е во тотален хаос, или поточно војна, Ла Лига го поништи договорот на Гави?!

Откако на површина излезе случајот „Негреиро“, по кој шпанското обвинителство го обвини фудбалскиот клуб Барселона за корупција, бидејќи тој клуб неколку години плаќал услуги на компанијата на потпретседателот на шпанскиот судиски одбор, сега Барселона има нов проблем. Ла лига наводно ја поништила регистрацијата на младиот играч за врска Гави.

Ла Лига, односно претседателот Хавиер Тебас, ја тужеше Барселона, која го пријави Гави како првотимец на последниот ден од преодниот рок во јануари, а судот пресуди во корист на Ла Лига.

Проблемот е што Ла Лига го промени правилото за регистрација на играчи еден ден откако Барселона го регистрираше Гави, со што јасно стави до знаење дека Хавиер Тебас ја продолжува личната војна со Жоан Лапорта.

Барселона сега нема избор, Ла Лига легитимно го смени правилото и не мора да ја оправдува својата постапка пред Судот, иако сите медиуми во Шпанија велат дека Тебас ги смени правилата за да и наштети на Барселона.

Гави сега повторно ќе го носи дресот со број 30, „шестката“ мора да биде привремено пензионирана додека не се разреши целиот случај.

Што се однесува до промената на правилата, суштината е во оние познати лостови на Барса од ова лето, кога Лапорта собра речиси милијарда евра во касата, но Ла Лига тогаш донесе одлука овие пари да не се користат за намената на фер-плејот.

Според новото правило, во случајот со споменатите финансиски лостови не се смета само бизнисот во тековната сезона, туку и за следната, со што Ла Лига буквално го оневозможи користењето пари и на тој начин влијае на регистрацијата на нови играчи, во случајов Гави, кој официјално стана прв тим, но сега тоа е откажано.