Connect with us

Фудбал

Барселона ги продолжи преговорите со Дембеле

Извршниот директор на Барселона , Матеу Алемани е во Мароко на разговори со агентот на Усман Дембеле , Муса Сисоко . Новинарот Жерар Ромеро објави фотографија од каталонскиот лидер од аеродромот во Маракеш, а сите водечки шпански изданија побрзаа да ја рашират веста.

Како што е познато, преговорите меѓу двете страни за продолжување на договорот на играчот што истекува пропаднаа во јануари, а се мислеше дека тој ќе замине како слободен играч на лето. Сепак, добрата форма на Дембеле очигледно го натера клубот да ја преиспита својата цврста позиција и да му даде нова шанса. Крилниот напаѓач има 1 гол и 8 асистенции на последните 9 натпревари за тимот, а по неговото гол пас за успех со 1:0 над Севиља синоќа беше испратен од публиката на „Камп Ноу“ на нозе и со голем аплауз. Тренерот Чави Ернандез и самиот играч сакаат тој да остане во тимот, но тоа може да се случи само доколку Французинот ги намали финансиските побарувања и се согласи со условите кои му ги нуди клубот.