Фудбал
Барселона го дава Ракитиќ на попуст, дали има заинтересирани?
Две години по ред Иван Ракитиќ и Барселона се „разделуваат“, но на крајот Хрватот останува на „Камп Ноу“. Сега, откако е ангажиран Миралем Пјаниќ, крајот е тука.
„Мундо Депортиво“ пишува дека Барселона го дава Ракитиќ на „попуст“ односно за само 10 милиони евра. Иако има 32 години, сепак уште има квалитет кај овој фудбалер кој може многу да даде на еден тим.
Последниот кој појавува интерес е Арсенал, односно тренерот на овој англиски тим Микел Артета. Претходно интерес постоеше од трите италијански гиганти Јувентус, Милан и Интер.