Фудбал
Барселона го губи интересот за Салах
Се чини дека Барселона конечно изгуби интерес за ѕвездата на Ливерпул, Мохамед Салах. До неодамна се шпекулираше дека на „Камп Ноу“ будно ја следат ситуацијата со Египјанецот и го избрале за својата летна селекција. Сепак, се чини дека и да имало такви идеи во клубот, тие веќе не се на дневен ред, пишува „Спорт“.
Договорот на Салах истекува за помалку од година и пол и тој моментално одбива повторно да потпише со Ливерпул. Ова е причината поради која неколку од водечките клубови во Европа внимателно следат што се случува и ја демнат можноста да го украдат крилото на „Енфилд“. Еден од овие клубови беше Барселона, но се чини дека интересот на Шпанците нагло се олади.
Причина за тоа е тешката финансиска состојба во која се наоѓа клубот. На „Камп Ноу“ решија дека не можат да ја платат ниту високата трансфер цена на Египјанецот, ниту високата плата, која секако ќе ја побара од клубот. Од истата причина, Барса повеќе не е заинтересирана за Ерлинг Холанд, кој исто така се споменуваше како трансфер опција на Каталонците.
Сепак, Салах има уште доволно додворувачи кои се надеваат дека ќе го киднапираат на лето. Се говори дека Јувентус и Пари Сен Жермен ќе го искушат фудбалерот, нудејќи му доста солидни финансиски услови, кои секако ќе бидат повисоки од оние што му ги нудат газдите на „Енфилд“.