Connect with us

Фудбал

Барселона го купи новиот Кристијано Роналдо

Според сите медиуми во Португалија, а дел и од Шпанија, Барселона го купила 20-годишниот фудбалер на Брага Франсиско Тринко. Крилниот напаѓач, кого го нарекуваат новиот Кристијано Роналдо, наводно е договорен пред три дена, кога неговиот агент Жорж Мендеш, кој ги застапува и правата на Роналдо, бил во каталонската престолница.

Ова се уште официјално од Брага и Барселона не е потврдено, но медиумите тврдат дека е завршена работа и дека Барселона ќе плати 31 милион евра.