Connect with us

Фудбал

Барселона го потврди потписот на Кунде

Барселона и официјално го објави трансферот на централниот дефанзивец Жил Кунде откако играчот успешно ги помина лекарските прегледи.

Французинот ќе потпише договор до 2027 година. Договорот вклучува откупна клаузула во висина од импресивни милијарда евра.

Каталонците исто така потврдија дека официјалното претставување на Кунде ќе биде во понеделник на 1 август.

Минатиот јуни, Кунде беше опериран откако се здоби со повреда на карлицата. Лекарските прегледи траеле околу 3 и пол часа.

За Жил Кунде, Барселона ќе и плати на Севиља сума од 50 милиони евра плус 10 милиони во вид на разни бонуси.