Connect with us

Фудбал

Барселона го претстави “Тигрињо” (ВИДЕО)

Барселона има нов играч. Витор Роке, кој има прекар Тигрињо за 45 милиони евра се пресели од Атлетико Паранаенсе во тимот од Каталонија. Потпиша седумгодишен договор. Роке е роден во 2005-та година, има 18 години, важи за еден од најталентираните напаѓачи во Бразил во моментов, па поради тоа неговиот договор е долгогодишен со Барселона.

Годишната плата на Роке ќе биде 3 милиони евра, а во дресот на Атлетико Паранаенсе сезонава одигра 30 меча и постигна 15 гола и шест асистенции.